ПИЛЕШКО СО МАСЛИНКИ

ПИЛЕШКО СО МАСЛИНКИ

Состојки
–  4 пилешки копанчиња
–  4 лажици маслиново масло
–  1 кромид
–  3 чешниња лук
–  малку ѓумбир мелен, куркума, сол, бибер
–  250 мл вода
–  магодонос ситно сецкан
–  100 гр маслинки без семка
–  1 лимон

Подготовка

Во тава ставете ги копанчињата да се запржат на маслиново масло од двете страни, ставете сол и бибер. Во истата тава нека се издинстаат кромидот и лукот. Додадете вода, зачините и водата и оставете да се вари. По некое време ставете ги маслинките, сокот од лимон, и оставете да крчка на тивко околу 45 минути, се додека месото не се одвои од коска.