Потребни состојки:
500 г мелено месо
1 тиква
50 г мелен пармезан
2 главици кромид
1 чешне лук
магдонос по желба
маслиново масло, сол и бибер
Подготовка
Исечете ја тиквата по должина на два дела. Отстранете ги семките, а внатрешноста убаво извадете ја. На масло издинстајте ги месото и внатрешноста од тиквата, потоа додадете ги кромидот, лукот и магдоносот. Зачинете по желба. Оставете сèзаедно да искрчка убаво. Двете половини од тиквата убаво наполнете ги, ставете ги на тава за печење, одзгора ставете малку маслиново масло и ставете го пармезанот одозгора. Се пече 45 минути на 180 степени.