Варено Јунешко со гарнир од зеленчук и прелив

Варено Јунешко со гарнир од зеленчук и прелив

Потребни состојки
500 грама јунешко месо
3 моркови
1 главица кромид
½ корен целер
1 пашканат
1 ловоров лист
бибер, сол и зачин

Подготовка
месото се става во врела вода (задолжително). Дваесетина минути пред да биде сварено се додаваат зеленчуците. Се процедува и се става на чинија (водата се зачуву за подготовка на прелив). Дополнително како гарнир можат да се употребат барен карфиол, брокола прокељ и сл..

Прелив со печурки

200 грама печурки (или по желба)
2 лажици брашно,
масло,
сол, бибер
2 лажици павлака
малку лимонов сок

Шампињоните се сечат на ливчиња и се ставаат да се динстаат, се додава брашното, течност ( од истата во која е варено месото) и зачини. Се вари десетина минути и на крајот се додава павлаката и сокот од лимун.

Прелив со рен
50 грама путер или масло
2 лажици брашно
¼ литар течност (или по потреба за соодветна густина)
1  кисела павлака
2 лажици рендан рен (или од тегла)
сок од лимон, сол, сецкан магданос, бибер и зачин

Брашното малку се пропржува на путер/масло се додава од течноста и се проврива. на крајот се додава павлаката, сокот од лимон и зачините.

Овие преливи покрај за вареното месо , соодветно можат да се употребат и за печени меса.