Бела чорба од карфиол

Бела чорба од карфиол

Потребни состојки:
1 помала глава карфиол (околу 400 гр.)
2 компира
1 глава кромид
1 јајце
1 лажица зачински додаток за јадења
Сол, црн пипер

Подготовка
Кромидот се сечка ситно, па се остава да проврие во врела вода (1,5 л.), заедно со додатокот за јадења. Се додаваат исчистената и исечкана глава карфиол и компирот исечкан на коцкички. Се вари сѐ додека не смекне, па се додава црн пипер, сол, па се трга од огнот. Јајцето се разматува, му се додава павлака и сето тоа се меша и се зачинува супата. Зготвената чорба се става во чинија и се посипува со ситно исечкан магдонос.