Потребни состојки:
4 корени целер
300 гр. мелено јунешко месо
1 јајце
1 чаша павлака
100 гр. кашкавал
масло, сол, зачин
Подготовка:
Целерот се чисти и се вари во солена вода. Се цеди и се длаби средината. Меленото месо се пржи, па се додаваат зачинот, ренданиот кашкавал и јајцето. Со смесата се полни целерот, се прелива со павлака и се запечува во рерна околу 30 минути, на 180 степени.