СУПА ОД МОРКОВ, ЦЕЛЕР И ЈАБОЛКИ

СУПА ОД МОРКОВ, ЦЕЛЕР И ЈАБОЛКИ

Потребни состојки:
·       1 помал корен од целер (280 г)
·       1 морков (150 г)
·       1 главица кромид
·       2 помали јаболки
·       150 мл павлака за готвење
·       3 лажици маслиново масло
·       малку ѓумбир, сол и црн пипер
·       препечени коцки леб

Подготовка:
На маслиново масло пржете го кромидот исечкан на кругови. Излупете го остатокот од зеленчукот и јаболките, исечкајте го на коцки и додадете го во кромидот штом стане стаклест. Кратко динстајте, па додадете околу 1,75 л вода или колку да се покрие зеленчукот.  Излупете го ѓумбирот, околу 2 см, и рендајте го во супата. Сѐ заедно гответе околу 30 мин. Штом зеленчукот омекне, тргнете го од оган и блендирајте го. Зачинете со сол и црн пипер. Вратете ја супата на оган, сипете ја павлаката за готвење и оставете ја да зоврие. Послужете со коцки леб.