ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО ДИМЕН ЛОСОС

ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО ДИМЕН ЛОСОС

Потребни состојки:
·       4 компири
·       малку крупна сол
·       100 г димен лосос
·       2 лажици сок од лимон
·       2 лажици сечкан копар
·       2 лажици сечкани маслинки
·       2 лажици кисела павлака
·       маслиново масло, ситна сол, црн пипер, буковец

Подготовка:
Печете ги компирите нелупени на загреана рерна на 200 степени околу 30 мин. Исечете го лососот на ленти и прелијте го со лимонов сок. Исечканиот копар и маслинки спојте ги со павлака па додадете го лососот. Потпечениот компир исечете го на половинки и од секоја издлабете чашка за полнење. Половинките прелијте ги со маслиново масло, посолете ги со ситна сол, зачинете со црн пипер и буковец. Вратете ги во рерна и печете ги уште  15 до 20 мин. Половинките компир наполнете ги со претходно подготвениот лосос. Декорирајте со свеж рузмарин