„ВО ВАКВО ВРЕМЕ НА ИСКУШЕНИЕ, СЀ ШТО ВИ ТРЕБА Е БИСТАР УМ КОЈ ЌЕ СЕ НАСОЧИ НА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ“
Во вакво времене време, со кој би по разговарaле ако не со Тања Кочовска актерката во која луѓето се за љубуваат штом стапнат во театар како деца, а таа љубов ја носат низ години те воодушевувајќи се на талентот на својот идол. Постарите генерации пак ја воздигнуваат не само поради умешноста да ги засмее, туку поради скро мниот пристап кон животот што одбра да го следи ќерката на познатите Панче и Невена Кочовски од групата „Мањифико“.
Како е деновиве да се живее без публика и во бесознание кога ќе се случи следната средба? Знае да зафати меланхолија, но и после долго играње на самиот организам му треба одмор. Неопходно е да се акумулира друга енергија, нова идеја. Велат, кесата со продукти треба да се испразни, па одново да се наполни и постојано да се смислува што да се зготви, можеби примерот е едноставен, но многу точен. Јас работам од дома… поточно работам дома (се смее) така што денот ми минува брзо. Од друга страна, моите родители и мајката на Предраг, мојот сопруг, се постари па и за нив имаме обврска да се грижиме.
Како да сте предодре дени да ги засмејувате луѓето, па забораваме дека и вие имате падови. Како ви успева? Засмејувањето на другите спаѓа во моја професија и тоа се учи на факултет и на сцена преку искуство, а јас веќе 30 години сум присутна таму. Обично бабите велат: Моето внуче како глуми, па тоа е готово за кај вас во театар. Јас на тоа велам: Во ред јас ќе го земам кај мене во театар, ама мене нека ме земат на хирургија, бидеј ќи сум одличен хирург…во претстава. Многу луѓе не ја разбираат оваа професија. Да, јас сакам да ги засмејувам луѓето, но во суштина ние што успеваме да засмејуваме, од друга та страна ситуацијата ни е малку тажна. Знаете, од комедија до трагедија има само еден чекор. Не ве лам дека кај мене ситу ацијата е трагична, но знам да бидам тажна и чувствителна, а тоа луѓе то тешко го препознаваат. Многумина мислат дека јас и вон работното време треба да сум ведра и на смеана. И еден Чарли Чаплин кој го засмејувал цел свет, во суштина бил многу тажен. Сакам да кажам дека оној што од брал да го засмејува светот, сака од тоа да од мори, едноставно да ја врати устата на место.
Што би ги советувале читателите во оваа не секојдневна ситуација? Мора да се истрае, да се биде дисциплиниран и да се почитуваат правилата и препораките, да се размислува трезвено. Ајде да се запрашаме како им е на луѓето со инвалидитет кои животот го минуваат дома? Јас се тешам со единствениот бенефит од целава ситуација, а тоа е што детето ми е дома. Мојата ќерка Нела студира на ФДУ и по цел ден е на часови и практично не ја гледав. Среќна сум што сега можам да си ја прегр нам, да си ја бакнувам, да си разговараме. Нејзе и е многу потешко, како и на сите млади кои се навикнати да се повеќе надвор отколку дома, но трезвено разговараме дека мораме да поминеме низ сето ова. Има моменти на смеење, моменти на солзи, на некоја летаргија, но с# се издржува во името на здравјето.
„ГИ ВОСПИТУВАМ СВОИТЕ ДЕЦА НА СКОРМНОСТ, БИДЕЈЌИ ГИ ГЛЕДАМ МЛАДИТЕ АКТЕРИ КОИ ДОАЃААТ ВО ТЕАТАР УВЕРЕНИ ДЕКА ЅВЕЗДИТЕ ВЕЌЕ ИМ СЕ ДАДЕНИ, А ТОА Е МНОГУ ПОГРЕШНО.“
Сакам да работам на мју зикли, плус знам да пеам, но за тоа треба многу работа, многу кондиција. Одиграв во два мјузикли и мислам дека добро го пра вам тоа сега за сега, додека ме држат нозе. Што се однесува до филмот, за мене тој е потуѓ поради начинот на работа. Во „Пред дождот“ со Билјана Танески глумевме сестри босанки. Во тоа време, многу се дружев со Ленка Удовички, тоа е сопругата на Раде Шербеџија. Паме там дека плачејќи отидов кај Раде да поразговара ме за тоа како се игра пред камера, затоа што бев исплашена. Па така со Раде поработевме пред снимање, но тој дел од филмот отпадна. После години соработував со Владимир. Блажевски, на „Година на мајмунот“ сле дуваа и неколку кратки улоги како во „Преспав“ меѓутоа не се чувствувам сигурна, даските ми се по сигурни. Театарот ми е она вистинското, таа голгота, солзи, пот, нерви, снага, и кога премиерата ќе помине како што треба, веднаш се се заборава. Сепак, не ја исклучувам можноста да работам со добри режисери од кои знам дека ќе научам многу.
„ИАКО МОЖЕВ ДА ГИ ИМАМ НАЈСКАПИТЕ ИГРАЧКИ И ВО ТОА ВРЕМЕ ПАТУВАВ СО АВИОН ЗА ДА ГИ ПОСЕТАМ РОДИТЕЛИТЕ ДОДЕКА СЕ НА ТУРНЕЈА, ОДБРАВ ДА ЖИВЕАМ КАКО ШТО ЖИВЕАТ ДРУГИТЕ.“
Од суплементи исклучиво само витамин Ц, селен и витамин Д. Инаку, секое утро јас правам вистински бомби смутија или сокови со многу ѓумбир и мед. Иако сум пушач веќе 40 години, никогаш не сум го почнувала денот со кафе. Кафето мене не ме буди, не ме прави среќна, како што ме прави природно цеден сок или овошје. Е после тоа може кафе и тоа најчесто е ритуал што го споделувам со ќерка ми. Кој е одговорен за здравата исхрана на вашите деца и втемелување на спортски навики? Кога ги воспитувавме децата, со со пругот се надевавме дека никогаш нема да пропушат, но за жал и двај цата се пушачи. Порано, тоа го компензираа преку спорт, но со работните обврски сето тоа падна во вода. Александар работи како меѓу народен туристички водич и доста пешачи со туристите, па на тој на чин надоместува. Нела пак по цел ден е на факултет, а таму има доста динамика и движење. Јас цел живот сум се занимавала со спорт, во средно училиште пливав, скијав и играв ракомет имам дури и медали. Сега возам ролери, земав и велосипед, но тешко ми оди па ќе морам да смислам нешто друго. Иако во овие моменти знам да свртам некој круг и веднаш да се при берам дома. Готвам здраво дури заборавам и месо да ставам па ќе ме потсетат. Не сакам готови храни, моите деца се научени на свежо приготвена храна освен кога се цел ден зафатени со обврски па мора да купат, но и тогаш изборот им се зготвените оброци, а не сендвичи.
Го ставате ли некогаш телефонот на нечујно?
Колку и да сакам да го исклучам телефонот е невозможно, бидејќи имам деца и морам да бидам секогаш тука за нив. А што се однесува до театарот, да на сите ни требаше одмор, но до волку не. Плус, не извесноста убива, можеби ова ми е последно интервју (се смее), кој знае. Потоа тука се прашањата што ќе се случува кога се ќе заврши, дали ќе се врати публиката во театар, за колку време, дали ќе се врати во ист број. Сите овие прашања луѓето си ги поставуваат секојд невно, затоа е важно умот да е бистар и да водиме сметка на правилата, а потоа ќе мислиме на другото.
КОГА ДЕЦАТА ПРАШУВААТ (возраст од 4 до 5 години)
Калин: Ги карате ли вашите деца ако седат многу на телефон?