ПЛЕСКАВИЦИ ОД КУСКУС

ПЛЕСКАВИЦИ ОД КУСКУС

Потребни состојки:
200 мл врела вода
100 мл кускус
малку вегета
0,5 кг брокола
4 компира
2 моркова
1 главица кромид
зачини: сол, црн пипер, мешан зачин „Вегета“, магдонос
2 лажици пармезан
1 јајце
2 лажици лебни трошки, по потреба

Состојки за сос:
200 мл павлака
150 мл јогурт
копар и сол, по вкус

Подготовка:
Прелијте го кускусот со врела вода во која ќе додадете малку мешан зачин и оставете го 10 минути, промешајте и исцедете го вишокот вода. Прво, сварете ја броколата во солена вода, а потоа морковот и компирот. Исцедете ги и ставете ги во длабок сад. Кромидот исечкајте го што поситно. Додадете ги зачините и пармезанот, исцедениот кускус и едно јајце, добро промешајте ја смесата, ако е течна, додајте малку лебни трошки. Оставете ја смесата да одмори 10 минути. Формирајте мали топчиња, тркалајте ги во лебни трошки, потоа стиснете ги како плескавици и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги на 200 степени околу 25 минути, превртете ги и печете уште 20 минути. Состојките за сосот, едноставно, спојте ги.