ПИЛЕШКО ВО МАРИНАДА

ПИЛЕШКО ВО МАРИНАДА

Потребни состојки:
1 парче пилешки стек
1 кафена лажица хималајска сол
1 кафена лажица цејлонски цимет
½ кафена лажица бибер
прстофат кајенски пипер
прстофат лук во прав
¼ кафена лажица ѓумбир во прав
1 лажица оцет „Балсамико“
1 лажица стопено кокосово масло (за печење)

Подготовка:
Соединете ги состојките и убаво промешајте ги. Пилешките гради избоцкајте ги со нож за полесно да ги примат состојките, а потоа прелијте ги со маринадата. Месото треба да отстои во ладилник околу 2 часа. Премачкајте го плехот со кокосово масло, ставете го месото и печете го поклопено околу 90 минути на 200 степени. По 60 минути, извадете го, пропрскајте го со вода и допечете го. Послужете со освежителна и лесна салата.