Потребни состојки:
3 супени лажици маслиново масло
1 кромид, ситно сечкан
3-4 чешни лук
4 сечкани листови жалфија
2 суви чили пиперки
200 г ситен домат
100 г печурки
400 г шпагети или други тестенини
Подготовка:
Пржете го кромидот, лукот и печурките во маслиново масло, на тивок оган, додека да омекнат и додека да испари водата. Додајте ја жалфијата и чилито и пржете уште некоја минута. Излупете ги и исечкајте ги доматите и додајте ги во тавата, засилете го огнот и гответе додека смесата се згусне. Сварете ги шпагетите и додајте ги во сосот. Знајте го ова: лукот, доматите, маслиновото масло и чилито во комбинација, ги пробиваат токсините намалувајќи го ризикот од рак.