Рижото со чадена скуша

Рижото со чадена скуша

Потребни состојки: 
·       ½ црвен кромид
·       ½ кафена лажичка кари во прав
·       75 г кафен ориз
·       1 рака млад спанаќ
·       1 филета чадена скуша
·       2 тврдо варени јајца 

Подготовка: 
Ситно исечкајте го кромидот и пржете го на малку масло додека да омекне. Додадете го карито и оризот и малку пропржете,па сипете вода колку да ги покриете состојките. Варете го оризот на тивок оган околу 40 минути. При крај, штом оризот се згусне, ставете ги спанаќот и рибата исечкана на покрупни парчиња. Промешајте убаво и штом омекне спанаќот тргнете го јадењето од оган. Послужете во чинија, а озгора наредете ги јајцата исечкани на четвртини. Оброкот изобилува со омега-3 масни киселини, витамин Б и јаглехидрати.