Потребни состојки:
· 2 парчиња пилешки гради
· 50 гр бадеми
· 200 мл неутрална павлака
· лук во прав
· мускатно оревче во прав
· сол
· црн пипер
· маслиново масло
Подготовка:
Зачинете ги пилешките гради со сол и бибер од двете страни, сосем малку пропрскајте ги со маслиново масло и печете ги во рерна. Измелете ги бадемите или здробете ги со тегла. Пржете ги на тефлонско тавче премачкано со маслиново масло. Штом бадемот ќе зарумени, посолете и зачинете со лук и мускатно оревче во прав. Сипете ја павлаката и оставете смесата да се згусне. Исечкајте го стекот на покрупни парчиња, а озгора прелијте го со сосот. Рецептот е подеднакво вкусен и со печени и солени бадеми.