Потребни состојки:
· 500 г ракчиња
· 1 помала марула
· 4-5 кришки интегрален леб
· мешан сув зеленчук
· 2 супени лажици маслиново масло
· ½ авокадо
· пармезан
Состојки за дресинг:
· 1 поголемо јајце
· 2 кафени лажици сенф
· 3 филети риба сардела
· 2 чешни лук
· 200 мл маслиново масло
· ½ цеден лимон
· сол и бибер
Состојки за маринада:
· 2 столчени чешни лук
· рендана кора од 1 лимон
· сол и бибер
Подготовка:
Изблендирајте ги состојките за дресингот. Исечкајте ги кришките леб на коцки, пропрскајте ги со 2 супени лажици маслиново масло и зачинете ги со мешан сув зеленчук. Пропржете ги на рингла околу 5 минути. Во длабок сад, ставете ги ракчињата заедно со состојките за маринада и оставете ги да отстојат 5 минути. Пржете ги на маслиново масло по 2 минути од двете страни. Исечкајте ја марулата и ставете ја во длабок сад, сосем малку посолете. Сипете половина од дресингот и промешајте. Озгора наредете ги кубетите, ракчињата и авокадото тенко исечкано. Повторно прелијте со дресинг и наредете листови пармезан.