Крцкави тортиљи со авокадо и туна

Крцкави тортиљи со авокадо и туна

Потребни состојки:
·      1 туна конзерва
·      1 авокадо
·      1 морков
·      2стапчиња целер
·      1 средно голем кромид
·      2 кафени лажици сенф (дижон)
·      1 супена лажица сок од лимон
·      ½ кафена лажица лук во прав
·      сол и црн пипер
·      4 интегрални тортиљи
·      4 листови марула
·      5-6 шери домати

Подготовка: 
Во длабок сад ставете ја туната и авокадото сечкано на коцки и гмечете ги додека да добиете хомогена смеса. Изрендајте го морковот, а целерот и кромидот ситно исечкајте ги и додадете ги во смесата. Додадете сок од лимон, лук во прав, сенф и зачинете со сол и црн пипер. Мешајте додека да се соединат состојките. Врз една тортиља, ставете лист марула, а врз него ставете 2 супени лажици од филот. Распоредете ја смесата на средина, а озгора ставете сечкани шери домати. Замотајте ја тортиљата и стоплете ја во рерна.