Чоколадни банана залци

Чоколадни банана залци

Потребни состојки:
·      3 банани
·      ½ шолја путер од кикирики
·      150 гр темна чоколада
·      1 супена лажица кокосово масло

Подготовка:
Исечкајте ги бананите на тркалца. Ставете путер меѓу 2 тркалца. Ваквите сендвичиња наредете ги во плех и ставете ги во замрзнувач околу 1 час. Искршете ја чоколадата на коцки и стопете ја заедно со кокосовото масло. Секој банана залак боцнете го со чепкалка и потопете го во чоколадата. Вратете ги залците во замрзнувачот уште 1 час.