Киноа со печурки и семки од тиква

Киноа со печурки и семки од тиква

Потребни состојки:

450 гр печурки
маслиново масло
200 гр киноа
30 гр семки од тиква
магдонос
млад кромид
1 чешне лук
малку сок од лимон

Подготовка

Печурките исецкани на половина (зависно од големината), ставете ги на хартија за печење и во рерна нека се печат на 200 степени околу 15-20 минути. За тоа време киноата нека се свари. Семките од тиква ставете ги на сува тава и нека се пропржат кратко. Кога киноата ќе се свари, во сад додадете ги младиот кромид исецкан на ситно, лукчето, магдоносот, печурките и семките од тиква. Зачинете со маслиново масло и зачини по желба.