Ако сте среќни тоа не значи дека сте успеале сѐ да претворите во совршенство, туку едноставно сте погледнале над недостатоците
Уживањето во моментот овде и сега е навика што се стекнува со пракса.
Ако ја барате среќата утре, големи се шансите да го правите истото и кога ќе го достигнете сонот. Колку и да звучи чудно, но способноста да го цените она што е пред вас нема никаква врска со она што го поседувате. Повеќе се работи за тоа колку ги мерите добрите работи во животот, дадени во кое било време. Почнете да го сакате она што го имате за чувството да стане уште послатко кога, порано или подоцна, ќе го дофатите она што го посакувате.
Барањето причина да бидете среќни овде и сега ќе ви биде од корист во иднина.
Доктор Декер Калтнер од Универзитетот Калифорнија, вели дека може да ја предвиди иднината на луѓето според силината на нивната насмевка. Истражувачите набљудувале слики од алманах на 111 студентки направени помеѓу 1958-та и 1960-тата. Подоцнежните анализи откриле дека жените кои имале позитивен израз на фотографиите биле поуспешни, имале поголема самодоверба, па дури и посреќни бракови.
Насочувањето кон среќата ќе го подобри вашето здравје.
Здравјето луѓето го земаат здраво за готово сѐ додека не им е загрозено. Д-р Кристофер Петерсон од Универзитетот Мичиген, кој ја проучува поврзаноста помеѓу оптимизмот и здравјето преку 20 години, тврди дека оптимистите имаат појак имунитет за разлика од песимистите. Ова може да е само резултат на фактот дека оптимистите покажуваат поголема тенденција да се грижат за себеси, но во случајов важна е крајната последица. Одлучете да бидете среќни сега, само вие можете да се натерате на тоа, и ќе уживате во деновите во добро здравје.
Конзистентната и долгорочната среќа зависи од вашата способност да ги забележувате и да ги цените малите работи.
И тогаш кога ќе успеете да имате сѐ што сте посакале, вие и понатаму ќе продолжите да бидете животен пример за успеси и падови. Ако до сега не научивте да уживате во малите нешта, тогаш вашето расположение ќе биде оставено на милост и немилост на животните услови кои непрекинато се менуваат. Што значи, секој пат кога нештата нема да одат како подмачкани, вие ќе бидете длабоко несреќни и депресивни, а не само малку разочарани и одлучни дека ќе ги смените работите на подобро. Почнете да размислувате за нештата што знаат да изнудат насмевка на вашето лице и топлина во душата. Можеби се радувате кога сте во друштво на вашиот миленик, кога го слушате звукот на дождот што паѓа, кога трчате во парк. Без оглед на промените, единствено изборот на едноставни задоволства ќе ви помогнат цврсто да останете на земја.
Секој ден е нова шанса да станете подобри од она вчера.
Ваквото мото може да ви ја зголеми самодовербата, а тоа автоматски значи и вашата среќа. Ако сте опседнати да бидете совршени во она што го работите, во улогата што ја толкувате како родител, сопруг, пријател, никогаш нема да бидете среќни. Време е да почнете да гледате на нештата што ги правите, како шанса да станете подобри. Поставете си ситни цели, на пример ако до вчера успевавте да се видите само со пријателите, денес, обидете се да ги вклучите и родителите во плановите. Со фокусирањето на ситни унапредувања и мини цели, вие природно ќе почнете да се приближувате кон големите соништа. Грицкајте полека, залак по залак и ќе стигнете до срцевината на јаболкото.
Токму сега можете да бидете она што сакате, без разлика како изгледа ситуацијата.
Вие можете да се залажувате дека вашиот живот треба драматично да се смени за да станете личноста која ја посакувате. Дека не можете да им помагате на другите, бидејќи не заработувате многу. Дека не можете да бидете авантурист, освен ако не ја продадете куќата. Но, вистината е дека можете да бидете сѐ што ќе посакате во кое било време. Можеби немате пари, но на пријателите ќе им бидете од помош и само ако ги сослушате нивните проблеми. Можеби немате пари да се впуштите во некое авантуристичко патување, но возбудлива авантура се крие и во запознавањето на луѓето со кои секој ден ги шетате децата во истиот парк. Не барајте изговори, уште денес можете да станете човекот кој посакувате да сте, бидејќи среќата е состојба на умот.
Барањето среќа во сегашноста прави разлика во животот на другите луѓе.
Иако сите имаме различни цели и соништа, водечкиот идеал на фронтот наречен живот, треба да биде живот со смисла што позитивно влијае на светот. Среќата е моментален избор, кој на повеќето им е тешко да го направат. Но, ако вие со вашиот избор поттикнете барем еден да постапи како вас, ќе создадете океан од позитивни и среќни луѓе. Среќата не она што го имате, тоа се менува, никогаш не е трајно. Смислата на среќата ја дава вашата интерпретација на она што е пред вас. Колку сте горди на животот што го живеете сега, колку сте спремни да уживате во прости задоволства во овој совршено несовршен свет.