Потпечени тестенини со здрав бешамел сос

Потпечени тестенини со здрав бешамел сос

Потребни состојки:

  • 200 гр тестенини
  • 4-5 цветови брокола
  • 1/2 тиквица
  • хималајска сол
  • црн пипер

Состојки за сос:

  • 1/2 шолја индиски ореви
  • 3 лажици органски квасец
  • 1/2 шолја бадемово млеко
  • сок и кора од еден лимон
  • 1/2 лажичка лук во прав

Подготовка:

Сварете го зеленчукот и тестенините, посолете ги, зачинете со бибер и сипете ги во тава за печење. Индиските ореви пропржете ги на тефлонска тава околу 10-тина минути додека да сменат боја. Сите состојки за сосот изблендирајте ги (по потреба додадете уште малку млеко или вода во која се вареше зеленчукот) па прелијте ги тестенините и зеленчукот во тавата. Печете ги тестенините на 180 степени околу 15-тина минути. Додека се уште топли, можете да ги поросите со пармезан или рендан кашкавал.