Потребни состојки:
- 50 гр бланширани лешници (ставете ги 5 минути во зовриена вода, па отстранете ја лушпата)
- 1 лажичка коријандер
- 2 лажички сусам
- 1 лажичка мелен кумин
- 1 помала тиква
- 1 лажица маслиново масло
Рерната загрејте ја на 180 степени. Во тефлонска тава кратко пропржете ги лешниците додека да добијат златна боја.
Подготовка:
Во тавата додадете го коријандерот и сусамот па сѐ заедно пропржете уште некоја минута. Оставете ги зачините да се оладат, а потоа заедно со куминот толчете ги да се измешаат вкусовите.
Излупете ја тиквата и исечкајте ја на ленти, како компири за пржење, полијте ги со маслиново масло и посипете ги со зачините.
Добро промешајте ги резанките тиква и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги од 35 до 40 минути, слободно промешајте ги неколку пати во текот на печењето.