6 здравствени сугестии што секој лекар би сакал да ги знаете

6 здравствени сугестии што секој лекар би сакал да ги знаете

Советот што ќе го поддржи секој еден човек што до своето име ја носи титулата д-р (ДОКТОР) гласи:

Не пребарувајте ги симптомите за вашата здравствена состојба на интернет! Интернетот не дава точни дијагнози, а уште помалку ќе ве излекува. Единствено што ќе добиете е паничен напад дека деновите ви се избројани. Запомнете го ова правило, а патем научете ги оние што ја чинат основата на здравиот живот.

ДЕРМАТОЛОГ – Ботоксот не е пресуден за да изгледате свежо и здраво!

Со мала инвестиција во името на блескавата кожа, можете да добиете многу за возврат. Стартувајте со овие чекори штом забележите видливи знаци на стареење – фини линии околу очите или пигментација (темни дамки). Ако имате чувствителна кожа, најдобро е да појдете на дерматолог.

1 ЧЕКОР

Нанесувајте серум за лице на база на витамин Ц секое утро. Витаминот Ц е одличен антиоксидант (што значи им се спротивставува на слободните радикали што ја оштетуваат кожата) кој ја поттикнува продукцијата на колаген, а тој пак ја пополнува и затегнува кожата. Витаминот Ц е признат избелувач кој ќе ги осветли темните флеки и ќе го изедначи тенот.

2 ЧЕКОР

Нанесувајте крем со заштитен фактор секој ден, дури и во зима, за да ги соборите штетните УВА зраци. Побарајте крем што содржи минимум 5 % цинк оксид, нанесете колку една кафена лажичка.

3 ЧЕКОР

Навечер нанесувајте ретинол (дериват на витаминот А). Тој е најдобриот освежувач за кожата познат до сега. Но, за резултати ќе треба да почекате од два до три месеци. За почеток, стартувајте со крем или серум што содржи мал процент ретинол и нанесувајте го секоја втора ноќ, за кожата да стане толерантна на активната состојка.

ЗАБОЛЕКАР – Шкрипењето сериозно ги старее забите

Во денешно време, не е необично да забележите човек со вкочанета вилица, а многумина ги тријат забите во сон. Ваквата пракса доведува до предвремено стареење на забите (за три месеци секоја ноќ) и најчесто е поттикната од стрес. Шкрипењето со забите е некој облик на одбранбен механизам кој поттикнува лачење на ендорфин, хормон на среќата. Обично, луѓето ги стискаат предните заби кои со текот на времето се тенчат, други пак ги стискаат катниците, па затоа страдаат од необјаснива болка во вилицата, вратот и грбот. Јога два пати во неделата е доволно за да се ослободите од севкупната тензија, вклучувајќи ја и онаа што ја акумулирате во устата. Ако се фатите себеси дека ја стегате вилицата преку ден, голема е веројатноста истото да го правите и додека спиете, а тоа мора да го решите веднаш!

ПСИХИЈАТАР- Вашите пријатели се најдобриот лек

Во текот на годината, еден од четворица ќе доживее ментален здравствен проблем, како депресија и анксиозност, поради кој нема да биде во можност нормално да функционира. Но, многу почесто луѓето страдаат од дисфорија или постојано чувство на тага, а медицината не е одговор. Искуствата како прекин на врската, отпуштање од работа или страв за иднината отприлика го опишуваат тоа чувство. Во вакви периоди, најсилниот лекарски рецепт е вашата мрежа на поддршка – пријателите и семејството. Нивна работа е да ви помогнат да ги преживеете тие чувства, да ве советуваат да се храните здраво, да останете ангажирани и дружељубиви и да размислувате позитивно, секако со ваше 100 процентно залагање. Но, ако и после неколку недели не можете да си дојдете на себе (се мачите да се концентрирате на работа, не спиете доволно, не уживате во активностите што ги сакате), појдете на психијатар, можеби ви треба екстра помош, а не е срамно да ја побарате.

ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА – Ако сакате да го поправите општото здравје, тогаш спортувајте

Алкохол, цигари и физичка активност, чекајте…што беше тоа активност? Живот сведен на пороци залиен со стрес – токму така живеат повеќето од нас. И не се само ризиците на долг рок што треба да нѐ замислат, туку последиците што моментално ги чувствуваме, а упорно ги игнорираме. На пример, зачестеното пиење го уништува сонот додека пушењето влијае на имунитетот и нѐ прави склони на белодробни инфекции. Ако спортувањето го ставите на врвот на листата приоритети, за кусо време ќе забележите како сите нешта доаѓаат на свое место. Спортот прави да се чувствувате подобро во своето тело, а тоа ќе ве мотивира да се храните поздраво. При спортување се намалува и стресот, а помалку стрес значи помала желба за алкохол и цигари.

ДИЕТЕТИЧАР – Трите супер намирници што ви се потребни во моментов

За да се чувствувате одлично, секој ден ви треба железо, калциум и омега-3 масни киселини. Ниското ниво на железо води до анемија, состојба што ќе ве направи уморни и нерасположени. Зголемената доза калциум, особено во 20-тите кога коските зацврстуваат, го намалува ризикот од остеопороза и фрактури во иднина. Есенцијалните омега-3 масни киселини учествуваат во структурата на мозочните клетки и го одржуваат меморискиот капацитет.

ГИНЕКОЛОГ – Не паничете, ќе стасате да родите бебе

Плодноста не паѓа во дупка дента кога ќе наполните 30, како што се мислеше некогаш. На таа возраст, плодноста е на одлично ниво. Конкретно, имате 63% шанси да забремените за 12 месеци. Специјалистите за плодност се опуштени во однос на жените кои се обидуваат да зачнат на 37 или 38 (имате 53 % шанси да зачнете за 1 година), бидејќи медицината и знаењето се напреднати вклучувајќи ги и третманите. Исто така, не мора да се грижите ако редовно пиете контрацепција. Во просек, потребни се само 4 месеци по прекинот на контрацепцијата, за овулацијата да се врати во нормала, но 58% од жените овулираат уште при првиот циклус. Лекарите советуваат да се обидувате 12 месеци да зачнете (6 месеци ако имате 35+), ако немате среќа, дури тогаш појдете на лекар. Не заборавајте дека алкохолот, цигарите и стресот ги стареат јајце клетките, затоа земете го предвид и животниот стил.