Полнети јајца со авокадо

Полнети јајца со авокадо

Потребни состојки:

  • 6 тврдо варени јајца
  • 1 авокадо
  • 1 цеден лимон
  • 1 супена лажица ситно сечкан магдонос
  • ½ ситно сечкан црвен кромид
  • прстофат лук во прав
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

Исечете ги тврдо варените јајца на половина, извадете ги жолчките и ставете ги во длабок сад. Толчете ги жолчките со виљушка, заедно со авокадото и толчете. Ставете ги во садот и останатите состојки, мешајте за да добиете кремаста смеса. Со кафена лажичка наполнете ги празните белки со филот. Декорирајте со малку магдонос или ситно сечкан кромид.