Келераба

Келераба

Келерабата е малку познат член на фамилијата зелки. По вкус е блиска на броколата, но има далеку покрцкава текстура. Келерабата се користи во свежа форма како салата, но и како намирница за супа. Сиромашна е во однос на калории, но содржи многу големо количество витамин Ц – со една шолја ќе ја покриете дневната препорачана доза на витаминот. Од минерали предничи во однос на калиумот – со една порција келераба ќе покриете скоро 25 % од препорачаната дневна доза на минералот неопходен за здраво срце и стабилен крвен притисок. Келерабата изобилува и со растителни влакна кои се неопходни за непречена и навремена дигестија. Растителните влакна го одржуваат здравјето на цревната микрофлора и го пролонгираат чувството на ситост. Науката се обидува да ги докаже и антиканцерогените својства на овој несекојдневен зеленчук; келерабата содржи ензим мирозиназа која учествува во претворање на сулфурните соединенија во изотоцијанати кои пак делуваат антиканцерогено.