Дебелината е состојба на прекумерна акумулација на масни наслаги во телото. Кај мажите, просечниот процент на масти во телото е 15-20% од вкупната телесна тежина, додека кај жените тој процент е 25-30%. Процентот на масно ткиво во телото се зголемува кога во телото се внесуваат повеќе калории отколку што се трошат. Со пораст на телесната тежина првенствено расте големината, а потоа и бројот на масните клетки.
За појавата на дебелина главен виновник е исхраната, големиот внес на шеќери и масти од индустриски тип, како и седентарниот стил на живот, односно седење во поголемиот дел од времето без фичичка активност. Комплексна мешавина фактори може да го зголеми ризикот за дебелина кај една личност. При развојот на дебелината влијание има и генетската предиспозиција, но сепак најзначајниот фактор е прекумерното внесување храна.
Дебелината може да се подели на андоид тип (централен тип дебелина во кој масното ткиво се акумулира на стомакот и градите) и гинекоиден тип (во кој масното ткиов се акумулира во рацете и нозете). Андроид типот дебелина е значително поопасен по здравјето на луѓето од другиот тип. Дебелината се јавува и е тесно поврзана и со останати болести и синдроми, како што се хипотироидизам, Кушингов синдром, инсулином, синдром на полицистични јајници, Прадер-Вили синдром, употреба на орални контрацептиви, нарушувања во исхраната, хипогонадизам, псевдохипопаратироидизам итн.
Дебелината, еден од најважните јавно здравствени проблеми на денешното општество, глобално е прифатена како важен променлив ризик-фактор за хронични заболувања како во развиените, така и во неразвиентите земји. Статистиките покажуваат дека дебелината е се почеста појава во развиените земји, каде што процентите се високи – дури 35% од жените и 31% од мажите на возраст над 19 години се со прекумерна тежина или дебели. Дебелината ги погодува сите раси подеднакво, но има одредени етнички групи кои се почесто погодени од другите (припадници на црното и шпанското население, некои членови на индиските племиња во Северна Америка итн). Мажите се подеднакво погодени од дебелината како и жените.
Кој е изложен на ризик од дебелина?
Генетика
Некои луѓе имаат гени кои им го отежнуваат слабеењето. Како и кај другите хронични болести, дебелината произлегува од интеракцијата помеѓу генетската предиспозиција на поединецот за зголемување на телесната тежина и влијанијата од околината.
Животна средина и заедница
Вашата околина дома, на училиште и во вашата заедница може да влијае на тоа како и што јадете и колку сте активни.
Психолошки и други фактори
Депресијата понекогаш може да доведе до зголемување на телесната тежина, бидејќи некои луѓе може да се насочат кон храна за емоционална удобност. Одредени антидепресиви може да го зголемат и ризикот од зголемување на телесната тежина. Откажувањето од пушење е секогаш добра работа, но откажувањето може да доведе и до зголемување на телесната тежина. Кај некои луѓе тоа може да доведе до прекумерно зголемување на телесната тежина од доверлив извор. Од таа причина, важно е да се фокусирате на диета и вешбање додека се откажувате, барем по почетниот период на одвикнување. Лековите, како што се стероидите или апчињата за котрацепција, исто така може да го зголемат ризикот за зголемување на телесната тежина.
Што предизвикува дебелина и прекумерна тежина?
Основната причина за дебелина и прекумерна тежина е енергетскиот дисбаланс помеѓу внесените и потрошените калории. На голабно ниво, постојат следните причинители за дебелина и прекумерна тежина:
- зголемен внес на енергетски богата храна со масти и шеќери;
- зголемување на визичката неактивност поради се повеќе седечка природа на работните места, различни типови транспорт и зголемена урбанизација.
Како се манифестира дебелината?
Дебелината е обично многу очигледна, со евидентно присуство на масни наслаги на одредени делови од телото. Но, таа е моќен ризик-фактор за дијабетес тип 2 и дислипидемија, поттикнувајќи развој на инсулинска резистенција и инфламација, кои доведуваат до нарушување на глукозната регулација. Нарушената секреција на инсулин резултира со намалено ниво на инсулин. Намалената сигнализација во хипоталамусот, доведува до зголемување на внес на храна и зголемена телесна тежина, потоа кон намалена инхибиција на хепатална продукција на глукоза, намалено искористување на гликоза во мускулите и зголемена липолиза, што води до зголемено ослободување на незаситени масни киселини, глицерол, хормони, про-инфламаторни цитокини и други фактори за развој на инсулинска резистенција, дефицит на бета клетки и идијабетес мелитус тип 2.
Кај луѓето со прекумерна телесна тежина може да се јават зголемен крвен притисок (хипертензија), коронарна болест, артериосклероза со периферни манифестации, а често се јавува и цереброваскуларен инсулт (мозочен удар).
Други придружни можни заболувања се:
Холециститис (воспаление на жолчното кесе), холелитијаза (присуство на камења во жолчното кесе). Замастен црн дроб (хепатална стеатоза) и рефлуксен езофагитис. Опструктивната ноќна апнеја се јавува значително почесто кај дебели луѓе отколку кај луѓе со нормална тежина. Дебелината е често причинител и на депресија со несоодветна социјализација, потоа остеоартритис и дискус хернија, а неретко се јавуваат и ановулаторни циклуси, предвремен пубертет и неполодност, појава на оток на нозете со проширени вени.
Како се дијагностицира дебелината?
Доволна е анамнеза со детален нутриционистички прашалник и објективен преглед за да се утврди дијагнозата и со сигурност да се утврди причината за дебелината. За да може да се дефинира дебелината, се зема предвид индексот на телесна маса.
Вишокот телесна тежина од прв степен постои ако БМИ е 25-29.9 кг/м2. Вишокот телесна тежина од степен 2(дебелина) постои ако БМИ е 30-39.9 кг/м2. Вишокот телесна тежина од степен 3 (морбидна дебелина) постои ако БМИ е 40 кг/м2.
Како се лекува дебелината?
Пристапот кон третманот на дебелината е мултидисциплинарен. Треба да се напомене дека не се препорачува брзо губење на тежината (оптимално губење тежина е околу 1 кг неделно). Вообичаено, пристапот во третманот на дебелината е промена на навиките во исхраната, избегнување на внесот на индустриски шеќери и масти, и зголемување на внесот на намирници богати со влакна и зголемена физичка активност. Нарушувањата во исхраната бараат пристап од психолог и градење здрави навики во исхраната.
Лековите кои се користат во лекувањето на дебелината можат да дејствуваат на намалуњате на апетитот, на намалување на ресорпција на супстанциите во цревата или да влијаат на метаболизмот на супстанциите. Хируршкиот третман доаѓа во предвид во случаи на прекумерна дебелина од морбиден тип и појава на долготрајни компликации а вклучува гастричен бајпас и поставување констриктивен прстен околу желудникот, со што се намалува неговиот волумен. За жал, се поголем е бројот на млади лица со прекумерна телесна тежина и во нашата земја. Затоа, за решавање на овој голем проблем, треба да се вклучат и да имаат активно учество родителите, здравствените работници и наставниците преку едукација на децата за правилна исхрана и едукација за последиците од дебелината.
Со навремен пристап да се стремиме да имаме здрава популација
Препораки за намалување на прекумерната тежина и дебелината
Нема брз лек за дебелината. Програмите за слабеење бараат време и посветеност. Меѓутоа, прекумерната тежина и дебелината во голема мера може да се спречат.
Препораките се:
- ограничување на внесот на калории кои доаѓаат од вкупните масти и шеќери;
- зголемвуање на внесот на овошје и зеленчук, како и мешунки, цели зрна и јаткасти плодови;
- вклучување на редовна физичка активност (60 минути дневно за деца и 150 минути распоредени во текот на неделата за возрасни).
Запомнете дека дури и губењето на она што изгледа како мала количина тежина, како што е 3% или повеќе од вашата почетна телесна тежина, и одржувањето на тоа доживотно, може значително да го намали ризикот од развој на компликации поврзани со дебелината, како што се идјабетес и срцеви заболувања.
Дебелината може да се спречи
Корисни линкови:
NHLBI