Бамјата е мешунка богата со растителни влакна кои се битни за одржување на правилна работа на дигестивниот систем. Во својот состав содржи повеќе витамини и минерали, особено витамини од групата Б, пред се витамин Б6. Таа е преполна и со антиоксиданти и благодарение на овие материи, како прилог во оброкот бамијата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра заз одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.
Благодарение на огромното ниво на пектини, бамијата помага во намалувањето на холестеролот во крвта. Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот. Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатонски сок кој добро се меша со готвените јадења.