Лосос со салата од орзо

Лосос со салата од орзо

Потребни состојки:

  • 4 парчиња лосос
  • 100г ф`стаци
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка мед
  • цеден сок од лимон
  • сол и бибер

Состојки за прилог:

  • 100г орзо
  • 1 краставица
  • 1 домат
  • 10 маслинки
  • 1 црвена пиперка
  • 1 гранче ситно сечкано свежо нане

Состојки за дресинг:

  • 1 цеден лимон
  • 1 лажичка сенф
  • 5-6 лажици маслиново масло
  • сол и бибер

Подготовка:

Ставете го лососот да се пече на 200 степени врз хартија за печење или врз подмачкано тавче. Во мал сад, промешајте го сенфот, медот, лимонот и зачините и премачкајте го лососот од сите страни, а озгора додадете ги сечканите ф`стаци и печете уште 20-тина минути.

Орзото се вари според приложеното упатство. Во меѓувреме, во длабок сад ставете го сечканиот зеленчук, масслинките, оладеното орзо и парчињата лосос. Убаво промешајте ги состојките за дресингот и прелијте ја салатата.