Потребни состојки:
- 200 гр црн грав (свеж или конзервиран)
- 40 г целер
- 120 г пченка
- 50 г млад лук (само белиот дел)
- 100 г микс од семки од тиква и сочоглед
- 400 гр шери домати
Состојки за дресинг:
- 20 г шеќер
- 50 мл вода
- Табаско сос, 1 лажица
- 1 лажичка сол
- 1 лажица оцет балсамико
- малку бибер
- 2 чешни лук
- 70 мл маслиново масло
Подготовка:
Ако користите свеж грав, подобро сварете го претходниот ден за добро да се исцеди. Ставете го гравот во длабок сад за салата заедно со стебленцата целер, сварената пченка, младиот лук и сечканите шери домати. Додајте ги и семките откако претходно ќе ги тостирате на тефлонска тава. Во тава топете го шеќерот додека целосно се стопи. Додајте вода и оставете ја тавата на оган додека шеќерот одново се стопи. Готовата карамела, штом добро се олади, измешајте ја со табаско сосот, сол, оцет балсамико, бибер, толчен лук и маслиново масло. Убаво измешајте го преливот и сипете го врз зеленчукот. Салатата служете ја ладна.