Потребни состојки:
- 80 г сончоглед
- 40 г сусам
- 30 г ленено семе
- 150 г брашно од спелта (или интегрално)
- 3 лажици маслиново масло
- 100 г топла вода
- 2-3 лажички сол и други зачини по желба
Подготовка:
Измешајте ги состојките и замесете тесто. Сукајте го тестото на хартија за печење, што потенко, тоа подобро. тестото, сосе хартијата, префрлете го во плех. Печете на загреана рерна од 180 степени околу 25-40 минути. Должината на печење зависи од дебелината на тестото и рерната. Штом тестото се испече и олади, искршете го на парчиња. послужете ги крекерите со грчки јогурт измешан со зачини или дресинг по избор.