Шакшука – лесен и здрав појадок

Шакшука – лесен и здрав појадок

Потребни состојки:

  • 1-2 лажици маслиново масло
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 црвени пиперки (по желба може и чили)
  • 2-3 чешни лук
  • 1 конзерва домати (може и свежи)
  • 1 лажиче кумин
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 4 јајца
  • ситно сечкан свеж магдонос
  • листови босилек

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло во тава и ставете ги сечканиот кромид, лукот и пиперките да се пропржат околу 5 минути, додека да омекнат. Сипете ги доматите, ако се крупни исечкајте ги, и ставете прстофат шеќер, сол, кумин и црвен пипер. оставете смесата да згусне на тивок оган. Штом смесата е доволно густа, со лажица направете 4 дупки и во секоја скршете по едно јајце. Поклопете ја тавата со капак за да се зготват јајцата. Послужете додека е топло, а озгора ставете малку свеж магдонос и листови босилек.