Фритата со тиква

Фритата со тиква

Потребни состојки:

  • 1 страк праз
  • 3 чешни лук
  • 2 парчиња тиква
  • 6 јајца
  • 2 лажици фета сирење
  • 150 г кашкавал
  • табаско сос
  • 3 лажици микс од семиња
  • 1/2 лажица мајчина душичка, кари и оригано
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Исечкајте ја тиквата на мали коцки и ставете ја во плех обложен со хартија за печење. Поросете ја со мајчина душичка и црн пипер, пропрскајте ја со маслиново масло и печете на 190 степени. Пржете ги ситно сечканиот праз и лук додека омекнат заедно со зачините. Матете ги јајцата во длабок сад и додајте ги фета сирењето, ренданиот кашкавал и семињата. откако тиквата ќе се испече, додајте ја во тавата со празот, а потоа истурете ги јајцата. Кратко пржете, а потоа ставете ја тавата во рерна да се пече 15 минути на 180 степени.