Потребни состојки:
- 80 мл оризово млеко
- 70 мл вода
- 2 лажици козји јогурт
- 100 г овесни снегулки
- 8 боровинки
- 8 малини
- 3 суви кајсии
- ½ јаболко
- 8 ф’стаци
- 4 бадеми
- 1 лажичка мед
Подготовка:
Полијте ги овесните снегулки со вода, засладено оризово млеко со мед и јогурт. Дел од малините и боровинките змечете ги со виљушка и додајте ги во смесата од овес заедно со јаболкото сечкано на коцки и сомелените јатки. Оставете ја смесата во ладилник да отстои минимум еден час пред да појадувате или, доколку е возможно, цела ноќ. Штом кашата е спремна за послужување, додајте ги останатите малини и боровинки, ситно сечканите кајсии и наросете малку мелени јатки. Ако смесата е сува, сипете малку оризово млеко.