Работата ви ја загрозува тежината?

Работата ви ја загрозува тежината?

Обрнете внимание на овие канцелариски замки

Сите сме ги преживеале оние 4-5 килограми плус кои доаѓаат во пакет со новото работно место. Штом помине првата година, или ќе се вратите во нормала или ќе продолжите да растете… во обем. За да не ви се случи тоа, неопходно е да ги лоцирате замките поради кои паѓате во искушение да јадете сè повеќе и повеќе додека сте на работа.

ВЛИЈАНИЕТО НА КОЛЕГИТЕ

Околу една третина од луѓето кои се обидуваат да ја вратат својата телесна тежина велат дека под влијание на нивните колеги не успеваат во планот, дури и се хранат нездраво. Од вашата десна страна е онаа колешка што секогаш ве нуди со благо, колегата спроти вас секогаш има нешто за грицкање, додека оној од соседната канцеларија секогаш предлага да нарачате храна за носење.

Научно е докажано дека јадеме двојно повеќе кога храната ни е пред очи. Затоа, седнете што е можно подалеку од чинијата со слатки или едноставно напуштете ја канцеларијата во кризните моменти. Добра идеја е секогаш на бирото да имате чаша вода или овошје, за да го смирите стомакот кога гласно се буни. Договорете појадок/ручек надвор од канцеларија во деновите кога колегите нарачуваат брза храна. Повремено почестете се себеси со некое забрането задоволство, наградете се за издржливоста и самосвесноста, бидејќи само така ќе создадете здрав однос со храната.

Дали знаете дека внесуваме околу 30 % повеќе храна кога јадеме во друштво?

И не само тоа, кога сме во друштво бираме висококалоричен оброк и многу лесно прифаќаме и десерт. Во меѓувреме, разговорот толку многу може да ни го одвлече вниманието, па да не забележиме дека продолжуваме да јадеме иако сме сити. Но, колку што друштвото поттикнува на грев, толку поттикнува и на дисциплина. На пример, многу ќе ви биде полесно да истраете со режимот доколку слабеете заедно со тимот или барем со еден од колегите. На тој начин, наместо да се храбрите едни со други дека ќе јадете по половина хамбургер, ќе се храбрите да останете доследни на вкусните и здрави оброци.

Последните истражувања покажуваат дека луѓето кои оброкот за на работа го подготвуваат од дома, јадат помали, но и поздрави работи, за разлика од оние кои се хранат од локалните ресторани или пекари. Направете план на исхрана со некој од колегите и уверете се дека е полесно во пар.

ВЛИЈАНИЕТО НА РАБОТНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

На една третина од луѓето, најчесто на жените, им е ладно во текот на работните часови. При вакви услови, телото реагира со складирање масти кои би ги користело како резерви. Научниците велат дека телото се активира да складира масти штом надворешната температура падне, а просечната температура во канцелариите изнесува 22 степени.
Нема да си помогнете ако се натрупате себеси со облека, помудро е да облечете топли, но и удобни парчиња. Имено, едно истражување покажува дека вработените кои носат лежерна облека прават 491 чекор повеќе и согоруваат 25 калории повеќе дневно за разлика од оние кои се облечени во тесна, неудобна облека и чевли. Со лежерна облека поголема е веројатноста да одлучите да се вратите дома пешки, а на тој начин уште толку ќе го одвратите телото од идејата да складира масти.

Еве уште една причина зошто да се преместите од темна канцеларија во канцеларија со големи прозорци – истражувањата покажуваат дека телесната тежина е тесно поврзана со изложеноста на сонце и дневна светлина во текот на денот, особено наутро. Витаминот Д е сојузник во топењето на мастите, а сонцето е неговиот главен извор. Постојаното седење во темна просторија, прoсечно, би ви донело околку половина килограм плус. Теоретски, утринската светлина го одржува апетитот во нормала, додека недостигот од светлина води до зголемување на апетитот и инсулински отпор (што прави да складирате повеќе шеќер отколку што можете да согорите).

Пешачете до работното место, паузата трошете ја на прошетка до најблискиот парк или јадете во локал кој има сончева тераса. Секоја активност што подразбира изложување најмалку 20 минути на сонце ќе направи голема промена.

nutricionist

ВЛИЈАНИЕТО НА НАБИЕНАТА АГЕНДА

Работата и стресот одат рака под рака. Стресот не влијае само на менталното здравје, бидејќи кога чувствувате дека сте под притисок телото лачи хормони кои го зголемуваат апетитот, но и желбата за масна храна и слатки.
Хормоните прават и штета плус, имено, го забавуваат метаболизмот кој е клучен за согорување на калориите. Уште полошо е тоа што овие промени не траат само во текот на 8-те работни часа, туку се селат и надвор од канцеларија. Истражувањето на Универзитетот во Охајо покажува дека кога ѝ бил даден оброк од 930 калории на една жена која 24 часа претходно имала стресен ден, таа потрошила 100 калории помалку од жената која го јадела истиот оброк, во истиот период, без да претрпе каков било сериозен стрес.

Психолозите велат дека 10-минутно медитирање или слушање релаксирачка музика помага да се одржи нормална психичка рамнотежа и да се закрепне од стресната ситуација. Само 2-3 минути посветени на слушање музика можат да направат огромна разлика, затоа, на секој час и половина направете мала пауза. Научниците велат дека ваквата практика води до полнење на енергетските нивоа, поголем фокус и помалку грижи и фрустрации. Ако и покрај сè имате силна потреба за слатка закуска, каснете коцка или две црна чоколада, бидејќи научно докажано го намалува хормонот на стрес – кортизол.

Долгите работни часови водат до помалку слободно време, а тоа пак наложува стрес. Еден од пет вработени договара состанок или извршува некоја ситна задача дури и за време на паузите; 45 % од вработените велат дека после работа се чувствуваат преморено за да вежбаат или да пешачат.

Во деновите кога знаете дека ве чека набиена агенда, стартувајте го утрото со здрав и обилен појадок. Една неодамнешна студија вели дека кога половината од дневно препорачаните калории ги внесувате преку појадокот, телото е подолго време сито. Аналогно на тоа, внесот на калории за време не ручекот ќе биде далеку помал. Како закуска, каснете некој протеински бар за да го одржите шеќерот во крвта стабилен.