Лубеницата е освежително летно овошје составено од над 90% вода, што ја прави идеален избор за хидратација во топлите денови. Таа е природен извор на витамин Ц, витамин А и калиум, а содржи и ликопен – моќен антиоксиданст кој ѝ ја дава препознатливата црвена боја.
Покрај тоа, лубеницата содржи и аминокиселина наречена цитрулин, која учествува во создавањето на азотен оксид и придонесува за нормална циркулација на крвта. Со малку калории и природна сладост, лубеницата претставува вкусен и хранлив додаток на секојдневната исхрана, особено во летниот период кога потребата од течности е зголемена.
