Акни кај возрасни

Акни кај возрасни

Што ги предизвикува?

Главна грижа на жените во нивните 40-ти се фините линии околу очи и брчките на лицето, но после Ковид пандемијата имаат грижа плус: АКНИТЕ!
Студијата на „Journal of Cosmetic Dermatology“ во декември 2021, покажа дека 45 % од жените пријавиле влошување на состојбата со акните, 27 % воочиле подобрување на состојбата со акните, по што следувало нагло влошување, додека 7 % за прв пат се соочиле со акни.
Триесеттите години ги најавуваат хормонските флуктуации кај жените кои честопати резултираат со појава на акни. Но, бројот на ваквите случаи е во пораст и воглавно се должи на носењето заштитни маски и зголемен стрес во екот на пандемијата.
Акните се крајно непредвидливи, особено кај возрасните, и тоа го усложнува лекувањето. Ако во тинејџерските години се резултат на површинско затнување на порите, во зрелите години инфекцијата е посериозна, затнувањето е подлабоко и се јавуваат болни акни на брадата, во линија на вилицата и горниот дел на вратот. Крајно непромислено е да ги третирате акните агресивно така што ќе ги стискате. Неопходно е да бидете добри детективи, бидејќи хормоните не се постојано активни, а акните на лицето можат да траат и цела година.
Дерматолозите одвојуваат 4 главни причинители за појава на акни кај возрасни:

Пилули за контрацепција

Акните се нормален ПМС симптом што може да ве следи до менопауза. Но, ако имате навика повремено да пиете апчиња за контрацепција, можно е да се соочите со посериозна инфекција. Да појасниме, пилулите не предизвикуваат акни сами по себе, напротив, со нивно редовно консумирање ќе можете да ги контролирате; туку, кожата станува ранлива и склона на акни во моментот кога ќе престанете да ги пиете пилулите за контрацепција. Ова во никој случај не значи дека доживотно треба да земате контрацепција. Но, ако сакате да се откажете од пилулите, сторете го тоа постепено.

Стрес

Конекцијата помеѓу акните и анксиозноста е јасна: Кортизолот ја поттикнува инфекцијата и предизвикува длабоко загноени акни. Лицето на свој начин демонстрира дека нештата во животот не ви се под контрола. Најмалку што можете да направите во овој случај е да и обезбедите на кожата 8 часа сон за полесно да го поднесе притисокот. Ако ве мачат несоници, тогаш вежбајте за да ја поттикнете циркулацијата и да го редуцирате кортизолот.

Исхрана

Зголеменото количество јаглехидрати и процесиран шеќер, води до појава на акни. Млечните производи исто така се предизвикувачи на инфекција, но не кај сите жени. Луѓето различно реагираат на храната и се чувствителни на различен тип на производи, но црвенилото на кожата е јасен симптом за инфекција што го нападнала телото. Ако се сомневате дека некои намирници се можни причинители на акните, проверете ги така што ќе ги исклучите од исхраната и трпеливо ќе чекате позитивни промени на кожата.

Дерматологот д-р Харолд Лансер дефинирал листа со намирници што треба да се избегнуваат, но секоја кожа е приказна за себе, затоа тестирајте што функционира за вас. Исфрлете ги едноставните јаглехидрати како компири, тестенини, леб и бел ориз, бидејќи брзо го поткреваат нивото на шеќер што води до воспаление. Истото важи за слатките како колачи и торти.

Не претерувајте со кафето, бидејќи го втурнува телото во стресна состојба, а тоа значи излаување кортизол што е докажан предизвикувач на акни. Одржувајте го енергетското ниво преку исхрана богата со комплексни јаглехидрати како овошје, зеленчук и тестенини од цело зрно. Заменете ги млечните производи со други алтернативи ако лицето постојано е исфрлано. Кравјото млеко може да содржи стероидни хормони кои го влошуваат воспалението и можат да поттикнат акни. Млекото од бадем, соја, кокос или овес се добра алтернатива.

Производи за нега

Богатите хидрантни кремови можат да ги затнат порите и да предизвикаат акни. Најосновен чекор што треба да го преземете? Побарајте производи што се тестирани на кожа склона на акни, оние што не содржат состојки што ги предизвикуваат, како: какао путер, шеа путер или вазелин.