Алкохилизмот како хронично заболување – Соочување со зависноста за поефикасно справување со последиците

Алкохилизмот како хронично заболување – Соочување со зависноста за поефикасно справување со последиците

Во денешно време се прават големи напори за превенција на алкохолната зависност, преку препознавање на раните стадиуми на проблемите со пиење и охрабрување на луѓето да направат рана интервенција пред влошување на ситуацијата, а се спроведуваат и различни кампањи преку медиумите. Колку повеќе јавноста станува свесна за здравствените и социјалните последици од болеста, толку повеќе ќе се намали бројот на алкохолно заболени лица, а навремените и соодветни третмани може да доведат до повисок степен на излекување.

Умереноста како еден од најголемите предизвици во градењето на човековиот карактер, се чини најлесно дека најлесно се става во искушение во допир со алкохол. Искушението на алкохолот доаѓа со привидот на олеснување на напнатоста и стресот од обврските ги наметнува секојдневното живеење, но стапицата на таквата „алкохолна помош“ е невидливата граница (дозата), која кога ќе се премине станува проблем.
Свесни сме за фактот дека акохолизмот е нешто со што секојдневно се сретнуваме, во различни ситуации, со различни степени на проблематичност кои се трудиме да ги разбереме, односно се обидуваме да ја сфатиме причината за неговата појава. Навлегувајќи во истражувањата се доаѓа до различни податоци. Основното прашање што се наметнува на почетокот е: што претставува алкохолизмот или алкохолната зависност? Енциклопедискиот одговор гласи: тоа е хронична болест, позната по потребата за алкохол. Луѓе кои страдаат од ова заболување во колоквијлната комуникација можат да бидат наречени и алкохоличари, што во денешно време се смета за политички некоректен термин. Сепак, тоа не го негира општоприфатениот опис дека овие луѓе не можат да го контролираат пиењето, дури ниту кога станува збор за директна причина за нанесување директна штета, вклучувајќи ги и медицинските заболувања, брачните проблеми, загубата на работа или сообраќајни незгоди. Можеме слободно да кажеме дека медицинската наука сѐ уште ја нема откриено точната причина за алкохолизмот, но многу истражувања покажуваат дека генетички, психолошки и социјални фактори помагаат во неговото развивање. Фактори кои можат да влијаат во развојот на оваа болест се личното однесување, пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на родителите, животниот стрес, со неизбежниот предуслов – расположливоста и достапноста до алкохолни пијалоци.

Алкохолната зависност различно се развива кај секоја личност

Оваа група луѓeстанува и физички зависнaод алкохол. Кога зависниците од алкохол ќе престанат да пијат, страдаат од непријатни физички симптоми како што се:гадење, потење, тресење и вознемиреност.


Зависниците од алкохол создаваат виска толеранција на алкохолот

Алкохолната зависност е светски широко распростанета и многу статистики покажуваат дека на оваа непријатна навика не останеле имуни ниту бизнис-менаџери, талентирани инженери, работници, архитекти, уметници,припадници на сите религии… Очигледно, алкохолизмот не прави „селекција“ врз основа на раса, професија, социјален или религиски статус. Проценките покажуваат дека луѓето кои почнале да пијат алкохол порано од 15-годишна возраст, имаат четири пати поголеми шанси да станат зависници од алкохол во однос на оние кои почнале да го консумираат по 21-та година од животот.

 

Мажите имаат три пати поголема веројатност за зависност од жените

Кога се консумира алкохол, стомакот и органите за варење брзо го апсорбираат. Алкохолот патува преку крвта до целото тело, забрзувајќи ја циркулацијата и вршејќи влијание на секое ткиво. Поголеми дози алкохол ги нарушуваат функциите на централниот нервен систем. Брзината со која алкохолот се акумулира во телото може да биде поголема од брзината која се елиминира од организмот, создавајќи ефект на интоксикација. Сепак, мали количини на алкохол, може да ја намалат напнатоста, да го зголемат апетитот и да имаат аналгетски ефект. Кога личноста ќе стане интоксицирана или обично кажано пијана, говорот станува гласен и неповрзан. Отежнатото расудување може да биде причина за нерационално однесување, а физичките рефлекси и мускулната координација стануваат забележително нарушени. Ако се продолжи со пиењето, може да дојде до целосно губење на физичката контрола, губење на свеста, а во краен случај, можна е дури и смрт. Долгорочната употреба на алкохол може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб. Во првиот стадиум на болеста, маснотија се акумулира во црниот дроб, при што тој отекува и станува поголем. Некои лица што прекумерно консумираат алкохол може да добијат хепатитис, кој ги воспалува, т.е. ги уништува клетките на црниот дроб. Во друг случај, некои консументи можат да добијат цироза, неповратна состојба во која здравото ткиво на црниот дроб многу брзо се оштетува во голема мера. Сето ова го спречува слободниот проток на крвта низ црниот дроб, што може да биде причина за појава на висок крвен притисок. Црниот дроб повеќе не е во состојба да ја прочистува крвта од токсичните материи, а сето тоа може да доведе до фатална ситуација.

Прекумерното консумирање на алкохол го оштетува и срцевиот мускул

Во одредени случаи, алкохолот доведува и до алкохолно лудило, кое предизвикува збунетост, поспаност, депресија и страшни халуцинации, при што се појавува некотролирано тресење во рацете, кое може да се прошири на главата и телото. Жените кои пијат алкохол за време на бременоста може да родат дете со фатален алкохолен синдром (ФАС), што е водечка причина за дефекти при раѓањето, а тоа е комбинација на физички и психички дефекти, како што е ретардацијата, мала глава и мускулна слабост.

Зависниците од алкохол се преципираат како неодговорни, неморални и луѓе со слаб карактер

Некои зависници кога ќе го препознаат нивниот проблем се лекуваат самите, други претпочитаат групна или индивидуална терапија, во која може да биде вклучена и хоспитализација. Голем е бројот на оние кои избегнуваат третман, игнорирајќи ги симптомите на болеста, од страв од соочување со фактот дека ќе бидат етикетирани од заедницата.
Кај некои алкохоличари лекувањето започнува со детоксификација, при што безбедно се ослободува алкохолот од организмот . Детоксификацијата обично трае една недела , а за тоа време пациентите се сместени во здравствена иституција. Во денешно време се прават големи напори за превенција на алкохолната зависност, преку препознавање на раните стадиуми на проблемите со пиење и охрабрување на луѓето да направат рана интервенција пред влошување на ситуацијата, а се спроведуваат и различни кампањи преку медиумите. Колку повеќе јавноста станува свесна за здравствените и социјалните последици од болеста, толку повеќе ќе се намали бројот на алкохолно заболени лица, а навремените и соодветни третмани може да доведат до повисок степен на излекување.