АМАРАНТ

АМАРАНТ

Амарантот е комплетен протеин – една шолја амарант содржи околу 26 г протеини, во исто толкаво количество ориз има само 13 г протеини. Педијатрите велат дека е добра стартна намирница од причина што не содржи глутен, па одлично се вклопува и во менито на болните од целијакија. Во однос на останатите житарки, амарантот е во предност со високата присутност на аминокиселината лизин. Делува антиканцерогено и антивоспалително, а фитостеролите во составот го прават задолжителен за пациентите со висок холестерол и плус го штити срцето. Ова мало зрнце претставува богатство од калциум, витамин Ц, витамин Е, железо, магнезиум, фосфор и калиум.