Араме алгите се одличен сојузник во борбата против ракот поради присуството на лигнани, фитоестрогени со силни антиканцерогени и антивоспалителни својства. Им се препорачуваат на жените кои подлегнале на хемотерапија. Бидејќи го забрзуваат растењето на косата, ги зајакнуваат ноктите, а кожата станува блескава. Тие се богат извор на протеини и витамините А, Б1, Б2, К, а од минералите содржат калциум, магнезиум, железо, цинк и најмногу јод. Само 50 грама араме алги ја задоволуваат дневната потреба од јод.
Со нивно редовно консумирање се прочистуваат цревата, се подобрува функцијата на лимфниот систем, се воспоставува хормонски баланс, се стабилизира шеќерот и се исфрлаат тешките метали и другите отрови од телото. Араме алги се одличен додаток за секоја салата. Се варат околу 20-тина минути, а нивниот сладок вкус можете да го потенцирате ако додадете малку оризов оцет.