АСПАРАГУС

АСПАРАГУС

Зеленчук со ниска енергетска (93% составен од вода), но висока нутритивна вредност. Најмногу содржи калиум, фосфор, калциум и магнезиум, витамин Ц и Б6. Древните Кинези го користеле како лек против сува кашлица, чиреви и отоци. Тие верувале дека аспарагусот ги намалува болките во нозете, па го ставале и во геловите за туширање. Тој е признат диуретик и најбогат извор на флавоноидот рутин,кој го намалува холестеролот, го снижува крвниот притисок и ги зајакнува ослабените капилари. Консумирајте го при долготрајна и напорна мозочна работа.