АРТРИТИС

АРТРИТИС

Иако,научно, сé уште не се утврдени врската и механизмот на влијанието на временските промени врз болните со артритис, сепак утврдено е дека одредени временски фактори можат да провоцираат или да ја зголемат артритичната болка.

Артритисот е воспаление на зглобовите проследено со болка, вкочанетост, отоци и црвенило на зглобовите, неретко проширено и на околните ткива и мускули. Постојат повеќе видови  артритис, а како најзастапени форми се ревматоиден артритис и остеоартритис.

Ревматоиден артритис најчесто се појавува кај луѓе на возраст над 40 години, и тоа двапати почесто кај жените отколку кај мажите. Но неретко може да се појави и кај децата. Го карактеризираат воспаление и болки во дланките, зглобовите на прстите, рацете, нозете и стапалата. Симпатологијата продолжува со општ замор и несоница. Прогресивно заболувањето може да предизвика оштетување на други делови на телото, вклучувајќи го срцето, белите дробови, очите, нервите и мускулите. Мачнината од ревматоидниот артритис може да се развива со недели или со месеци, и вообичаено е најсилна по будењето.

Остеоартритис или дегенеративна болест на зглобовите се однесува на болка или воспаление што може да биде последица на систематско губење на коскеното ткиво во зглобовите. Ова е и најчестиот облик на артритис, особено кај повозрасните. Иако механизмот за настанување на остеоартритисот е непознат, изгледа дека некои луѓе се генетски попредодредени на дегенеративни промени на коските.

Врските помеѓу промената на временските услови и артритисот
Иако, научно, сéуште не се утврдени врската и механизмот на влијанието на временските промени врз болните со артритис, сепак утврдено е дека одредени временски фактори можат да провоцираат или да ја зголемат артритичната болка. Наглите промени на атмосферскиот притисок можат да влијаат на зголемување на болката, додека пак ниските температури на  зголемена вкочанетост, како на зглобовите така и околните лигаменти и мускули.
Токму поради ова, на лицата со артритис најмногу им одговара сува и топла клима.
Од друга страна, лицата кои живеат во предели со променлива клима се добри метеопрогнозери кога станува збор за најава на промени на времето.

„Ме болат зглобовите, сигурно ќе врне“ е честа изрека и добра најава дека ќе следат промени во временските услови.

Има ли лек?
Сéуште не е пронајден лек со кој може да се излекува артритисот, но секако, современата фармакотерапија располага со широка палета на лекови за ублажување на симптомите и, секако, за забавување на прогресијата на болеста.

Како да си помогнеме?
Во насока на подобрување и олеснување на симптомите кои се иницирани од промените на времето, можеме да преземеме низа активности и промени во животните навики:

  • Редовно движењеи лесни форми на вежбање,дури и кога времетоелошо,со цел да се одржува тонусот на мускулатурата која ги поддржува коските. Покрај ова, ќе се намали чувството на болкаи вкочанетост и ќе се сочува подвижноста на зглобовите.
  • Пливање или друг облик на телесни вежби во вода, по можност во загреан базен, овозможува да се движат болните зглобови и да се јакнат мускулите, а водата помага да се држи телото и да се смалува гравитациското оптоварување.
  • Консумирање здрава исхрана богата со омега-3 масни киселини(риба, масло од ленено семе, брокули).
  • Намалување на телесната тежина со целда се намали притисокот врз коските и зглобовите.
  • Употребана растителни препаратии чаевикои содржат ѓумбир и куркума. Ѓумбирот, освен на ублажување на воспалителниот процес , делува и на намалување на мачнината.

 

Куркумата и ѓумбирот имаат силни антифламаторни својства и значително помагаат во олеснување на симптомите на ревматоидниот и на остеоартритисот.

ПОДГОТОВКА НА ЧАЈ

Потребно е:

2 чаши вода
½ мала лажичка мелен ѓумбир
½ мала лажичка мелена куркума
мед и лимон по вкус

Постапка:

Ставете ја водата да зоврие, додадете ги ѓумбирот и куркумата, оставете да отстои 10-15 минути. Кога малку ќе се излади, додадете мед и лимон по вкус и уживајте во оваа напивка два пати дневно.