Автохтоните молика и бреслинка – растителни уникати на Пелагонија

Автохтоните молика и бреслинка – растителни уникати на Пелагонија

Познати во енциклопедиите, а сепак некако неоткриени, ендемските видови растенија во Македонија претставуваат необичен предизвик за репортажноистражување. Љубопитството за нови сознанија, па и да се освежи знаењето за нешто познато или подзаборавено, ја создаде идејата „Ваш Аптекар“ да открие некои приказни од македонските региони, скриени токму во уникатните растенија на тие краишта. Репортажите,пак,потикнуваат на патување, истражување и стекнување нови знаења и можат да бидат добра мотивација за активирање на желбата за постојано напредување. Патувањата на „Ваш Аптекар“ започнуваат од Пелагонија и ендемските видови растенија во тој регион, како молика, бреслинка и пршлинка.

Национален паркПелистер

Синонимза градот Битола е врвотПелистер, којчесто го „заменува“ и целата планина Баба. На пределите кај Пелистер можат да се пронајдат повеќеод 20 различни видови лековити растенија и шумски плодови, какои петнаесетина декоративнивидови. Растителниот свет во Националниотпарк„Пелистер“е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Главниот феномен на паркот претставува петиглестиотбор – молика (PinusPeuce Gris), реликтод терциерот, откриена во 1839 година,од големиот европски ботаничар Август Гризебах. Во својот природен ареал, моликата расте на високи планини од 700 до 2.200 метри надморска височина.
Моликата е автохтон вид на петиглестбор со терциерна старост, којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров, а на планината Пелистер го достигнува својот еколошки оптимум во развојот. Имено, моликата на Пелистер расте од 35-40 метри во височина, и со пречник на трупот од 1.5 метри.
Во високиот планински дел на паркот се среќава половина од вкупната планинска вегетација во Македонија. Најзначајни ендемични растенија сепелистерска качунка (Crocus peristericus), полегнатиот каранфил (Dianthus myrtinervius), пази-куќа (Sempervivumoctopodes) и пелистерска небесна роса (Alchemillapelisterica).

Два вида растенија– на ридот Маркови Кули кај Прилеп

Маркови Кули кај Прилеп – споменик на природата и споменик на културата од исклучително значење има повеќе природни и културни обележја, преку кои го препознаваме.

Бреслинка
Едното од двете растенија, кои припаѓаат на родот на сливите, со латинско име Prunus, жителите на Варош го нарекуваатбреслинка. Расте и додесетина и повеќе метри височина, често и со широко разгранета крошна. Цвета рано напролет и има мали топчести плодови, поголемиот дел е тврда материја – коска, со тенок месест слој, а по зреењето има кафеава боја, со сладок вкус.
Ова дрво расте, по целата површина на Маркови Кули, особено на јужната и југоисточната страна, што укажува на фактот дека ова растение има потреба од сончева светлина. Тоа се закоренува во карпестите процепи по ридот.

Пршлинка
Вториотвид, којжителитенаВарош го нарекуваат пршлинка, е мошне сличен со првиот. Присутно е на сите простори, на кои расте и бреслинката.
Овие два вида се најраспространети на ридот Маркови Кули и двата вида се најраспространетите растенија, а Марковите Кули е едно од ретките места кадештотие успеваат.

Хераклеа Линкестис – античкиот град покрај Битола

Хераклеа Линкестис е еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт.

Хераклеја Линкестис се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади. Епитетот Линкестиссо значење „линкеститска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното македонско племе Линкестиди. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба, односно ридот Тумбе Кафе и реката Сива Вода на југ.                    

Основан од македонскиот крал Филип II Македонски, градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкестида (денешно Битолско Поле). Градот бил граден, доградуван, уриван, одново граден и надградуван уште од времето на неговото создавање во доцната бронзена ера, а потоа во хеленистичката епоха, римската, па сѐдо рановизантиската епоха… Имал статус на град со висок степен на цивилизација. Во периодот на II век п.н.е., кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско-политички центар, со свој постојан римски намесник и со римска војска.

Археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис во Битола е прогласен за културно наследство од големо значење. Споменичката целина претставува сведоштво со релевантно значење за археологијата и воопшто културата од античкиот период.

Маркови Кули – средновекониот град-тврдина кај Прилеп

Северозападно од градот Прилеп, на северниот дел над Варош, се издига месноста Маркови Кули, еден од најживописните средновековни градови-тврдини во Македонија. Прилеп секогаш претставувал упориште на македонските владетели, тоа е град кој е посветен на својата култура и традиција, на своите легенди и херои. Локацијата позната меѓу локалното население како Маркукуле, е полна со изненадувања, прифаќањето на предизвикот да се посети е како патување низ времето. Марукуле, како вечен чувар и заштитник, се издигнува над градот Прилеп, тврдината Маркови Кули всушност е некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Тој е последниот крал кој владеел со поголем дел од Македонија пред вековната власт од Османлиите. 

Тврдината се наоѓа на рид од вулканско потекло, со височина од 120 до 180 метри, кој изобилува со многу необични карпи, од кои секоја според својот облик добила и свое име кај жителите. Локалитетот датира од раноантичката населба Керамија (старото име на Прилеп). Еден од највпечатливите делови на Марковите Кули е т.н.Слон, всушност составен од две природно споени карпи. Слонот е висок 8 метри и од него Прилеп се гледа како на дланка. Марковите кули се ремек- дело на природата. Марковите Кули кријат уште многу тајни и мистерии, кои допрва ќе треба да се откријат и да го направат ова место уште поатрактивно и уште повпечатливо. Од Маркови Кули може да се слушне, да се види, да се почувствува и да се доживее македонската цивилизациска и културна историја.