Баклава со лешници
800 гтенки свежи кори за баклава
700 гпечени несолени лешници
250 гпутер
200 млмасло
2 ќесички ванилин шеќер
1 лимон
1.5 кгшеќер
800 млвода
Подготовка:
Корите се редат една по една во голема тава и секоја кора се посипува со една рака сечкани лешници сèдодека не се потрошат лешниците.Последните две до три кори не треба да имаат лешници за полесно сечење на парчињата.Откако ќе се нареди,баклавата се сече во облик по желба,на пример:коцки, ромбови,триаголници.Смесата од путер и маслосе загрева за да се стопи(да не се зоврива) и внимателно се тура по ивиците на баклавата насекаде каде што е сечена и по краевите.
Се пече во рерна загреана на 150 степени околу 1,5 час.
Се подготвувашербет од 1,5 кг шеќер и 800 мл вода да врие 5 мин., се додава ванилин шеќер и сок од 1 лимон.
Топлата баклава се прелива со топол шербет