Печурки
Содржат селен, одличен антиоксидант кој ги штити клетките од оштетување и на тој начин го поттикнува имунитетот.
Кисело млеко
Ќе ве држи сити подолго време, бидејќи изобилува со протеини (20 г во 1 шолја). Плус, ќе ве расположи во тмурните зимски денови, бидејќи ги намалува симптомите на депресија.
Бел грав
Ги задоволува протеинските потреби подеднакво како и месото – 1/2 шолја содржи 9 г протеини и 7 г растителни влакна.
Трупка
Изобилува со витамин Ц и растителни влакна и помалку од 20 калории во 1/2 шолја. Го штити срцето, а го намалува и ризикот од рак, благодарение на сулфорафанот кој ѝ дава горчлив вкус.
Лук
Одличен сојузник против бактериите и вирусите, благодарение на алицинот – активната сулфурна компонента што ја содржи.