Бисквитен колач со јаболко

Бисквитен колач со јаболко

Потребни состојки:

  • 1 килограм јаболки
  • 2 пудинга од ванила
  • ½ килограми бисквит
  • 300 грама шеќер
  • 500 милилитри вода

Подготовка:
Јоболките се лупат и сецкаат на крупни парчиња во сад. Се додава 300 грама шеќер и 500 милилитри вода. Се остава да се вари кратко околу 10-15 минути. Со лажица за пире се пасира и во него се додаваат два пудинга растворени во 100 милилитри вода. Се вари до згуснување во едно јаболково желе. Потоа во правоаголен сад се реди еден ред суви бисквити, се мачкаат со фил, па повторно се реди ред бисквити , па повторно фил, се до истрошување на количините. Завршува со фил најгоре.