Сопруга, ќерка, пријателка – Бојана има многу улоги, но во сите е своја и природна, благодарение на професијата која непрекинато ја гради нејзината личност.
Оваа дама успева да ги растера темните облаци на луѓето со зборови, со вистинските зборови. Оној што ги има вистинските совети, во време кога рака под рака со Ковид-19 доаѓаат низа психолошки проблеми, станува клучен, неопходен и, несомнено, заслужува почит. Но, Бојана заслужува признание плус, бидејќи е првиот психолог кај нас, кој ги искористи социјалните медиуми за да им ја доближи психологијата на луѓето. Нејзината страница „Мој психолог“ направи вистинска револуција во менување на навиките на луѓето да бараат стручна помош за психолошките дилеми.
Акодо пред извесно време имањето семеен психолог беше сценарио за филм, денес, благодарение на социјалните медиуми и страниците како вашата, луѓетосе ослободија да бараат помош подалеку од она: „Напиј се дијазепам, ќе ти помине!“ Но, сечини дека коронавирусот најмногу ја потенцираше важноста на вашата професија.Дали периодов се зголеми обемот на вашата работа?
Кога станува збор за мојата професија, неосновано кружи митот дека луѓето во нашата земја не посетуваат психолог кога е тоа потребно. Стратегијата: „Напиј се дијазепам и ќе ти помине“ можеме да ја оставиме во минатото,затоа што не донесе здрави стратегии за справување и соочување со потешкотиитекога станува збор за менталното здравје. Помладите генерации читаат, се едуцираат, посетуваат настани, истражуваат и се активираат во невладиниот сектор, па оттаму и демистифицирањетоод повеќе аспекти на самата тема ментално здравје и на професионалнотолице кое работи во оваа област. Со појавата на Ковид-19 забележувам пораст во однос на клиентите кои бараат советување за тоа како да се справат со стресот, со анксиозноста и со паничните напади. Искрено, не ме изненадува, го очекував ова, затоа што уште од самиот почеток на пандемијата кажував дека во позадина имаме втора пандемија,која ќе го засегне менталното здравје. Сепак, во нашата земја се активираа многу мои колеги со различни активности, па психолошката поддршка и помош беше достапна за сите и,можеби, за разлика од претходно, повидлива за многумина.
И кога немате работа со клиенти, вашата професија подразбира работење – вие морате постојано да читате со цел да ја надградувате својата стручност, особено во ова брзо време кое постојано носи некакви промени и погрешни трендови. Од друга страна, вашето однесување служи како пример и треба да им влее доверба на луѓето.Вие сте актер кој постојано е на сцена, па на кој начин се одморате од сѐ?Дали имате простор да бидете комплетно свои и да скршите некое правило?
Мојата професија,како и секоја друга професија,бара постојано читање и доедуцирање. Многу е едноставно, додека се развиваш ти како професионалец, се развиваш и како личност, затоа што тоа е континуирана работа на себе. Од друга страна, на тој начин на клиентите можеш да им понудиш поголем квалитет. Професијата психолог носи голема одговорност,особено кога секојдневно работиш со луѓе, но не сметам дека сум актер на сцена. Тоа што јас го направив поразлично,пред околу 6 години,е одлуката дел од мојата работа да ја пласирам и на социјалните мрежи, односно да ги искористам нив како канал за комуникација солуѓето. Во тој период не постоеше страницана социјалните мрежи која обработуваше тематика од менталното здравје, за разлика од сега, кога можам да набројам барем дваесетина кои активно го праваттоа. На профилите на „Мој психолог“на социјалните мрежи јас објавувамсодржини од аспект на психолог, но не и за мојот приватен живот. Секако,надвор од професионалната улога сум нечија сопруга, ќерка, сестра, пријателка, сосетка… Во сите улоги се чувствувам комплетно своја без притоа да чувствувам потреба да кршам правила, а мојот мир е во балансот.
„Во сите улоги се чувствувам комплетно своја без притоа да чувствувам потреба да кршам правила, а мојот мир е во балансот.“
Вие сте пример дека технологиите можат да служат и за добро.Како воопшто дојдовте до идејата да ја стартувате страницата„Мој психолог“ на социјалните медиуми? Стигнуватели да одговорите на пораките на сите луѓе и дали, доколку некој има потреба, остварувате средби и во живо/онлајн по ново?
Идејата ја добив уште во студентските денови, кога читав разни информации од различни страници и портали, но кога пребарав на македонски, не најдов ниту една. Сите мои размислувањаги споделував на мојотличен профил, па и моите пријатели ме охрабруваа дека можеби е време да направам блог или страницакаде што сето тоа ќе го направам достапнои за другите луѓе,кои би имале интерес да читаат. Секојдневно пристигнуваат многу прашања и многу е дискутабилно и чувствително нивното одговарање.Кога лице преку порака се консултира со мене, најчесто недостасуваат многу информации во врска со проблемот, а и таа форма на комуникација е надвор од принципот и етичноста на мојата професија, па кога прашањето е конкретно секако дека одговарам, но кога сметам дека би се прекршиле основните начела на мојата професија препорачувам консултацијата да биде лична и директна со мене или со друг психолог/терапевт по избор. Страницитена „Мој психолог“се само едно катче каде што јас пласирам дел одсвојатаработа. Јас секојдневно работам во моето советувалиште „Мој психолог“, дел сум од повеќе национални и интернационалнипроекти и работам како организациски консултант за ментално здравје. Пред короната,дел од мојата работа и секојдневие беа и обуките и работилниците во Скопје и низ земјата. Моментално тоа е на листа на чекање за подобро и побезбедно време, каде ќе можеме повторно да се собереме 170 луѓе и да говориме за менталното здравје.
Возможно ли е да направите некој вид сублимат напроблемите кои ги мачат луѓето во нашата земја? Од што страдаме најмногу?
Секој проблем е тежок за носителот на проблемот, а тежината е субјективна. Затоа неблагодарно е да кажам дека еден проблем е потежок од некој друг. Можам само да кажам дека периодов анксиозните состојби се во пораст.
„Секој проблем е тежок за носителот на проблемот, а тежината е субјективна.“
На кој начин еден психолог става штит од сето она со кое се соочува во текот на денот? И вие сте човек, а како жена стеипочувствителна, па како ви успева да не потпаднете под влијание на различните стресни приказни со кои се соочувате?
Со постојана работа на себе, следење на сопствените процеси, постојана доедукација и супервизија. Секако и искуството си го прави своето. На крајот од денот и ние сме луѓе, не сме суперлуѓе со посебни моќи.
Многу луѓе сѐ уште не прават разлика помеѓу психолог и психијатар,и кога треба да се обратат кај едниот или кај другиот – ве замолувам појаснете им на нашите читатели.
Мислев дека ова прашање низ годините нема да го слушам толку често, но погрешив. Изгледа дека параванот низ кој беа скриени овие две сродни,но различни професии,беше ист, па затоа и потребата постојано да се прави дистинкција помеѓу поимот психолог и психијатар. Психологот и психијатарот го изучуваат менталното здравје на човекот од две различни перспективи. Психолог е лице кое има завршено на катедрата за Психологија на Филозофски факултет (или на други високообразовни установи), а психијатар е лице кое има завршено Општа медицина на Медицински факултет, а потоа специјализација Психијатрија (и за разлика од психолозите смеат да препишуваат фармакотерапија). Психолозите понатаму се одлучуваат во која насокаќе се доедуцираат и насочуваат–психотерапија, советување, човечки ресурси, клиничка психологија итн. Лекувањето на душата со психолозите е преку„зборот“.
Каде наоѓате инспирација, бидејќи вашата работа по многу нешта е и креативна, но повеќе нѐинтересира оној момент на борба без крај – сѐ уште имаме проблем со голема некултура, со луѓе кои не можат да прифатат и не знаат да се однесуваат,на пример, со аутистични деца и со низа други вакви примери. Промените кои вие сакате да ги донесете одат многу бавно, па како наоѓате елан и мотив за понатаму, особено кога ќе се разочарате од ситуации кои ви покажуваат дека не сме мрднале од мртва точка?
Инспирација и мотивација имам постојано и ја пронаоѓам во секојдневните случувања. Секако,постојат и ситуации кои обесхрабруваат, но исто така постојат и ситуации кои охрабруваат и покажуваат дека не стагнираме и во многу полиња одиме напред. Негативност, некултура и ниска свесност на колективно ниво не можат да се искоренат преку ноќ.
„Лекувањето на душата со психолозите е прекузборот.“
Како милувате да го поминувате слободното време? Дали можеби имате некое хоби кое го чувате само за себе?
Слободното време сакам да го поминам со некој креативен процес, па така најчесто пишувам или сликам. Читам сѐшто не успевам да прочитам кога имам набиен распоред, но сето тоа зависи од мотивацијата и од периодот. Моментално секој слободен момент го користам да бидам во природа на воздух и поминувам време со партнерот, семејството, пријателите. Офлајн или онлајн.
Колку сте посветени на здравиот живот – дали спортувате и на кој начин се исхранувате? Дали готвите? Дали имате некој свој режим на исхрана?
Како што кажав и во еден одговор малку наназад–клучот е во балансот. Откако си ја усвоив таа филозофија,некако и физичката и духовната добросостојба си дојдоа рака под рака. Кога имам време спортувам, но моментално поради бременоста внимавам да сум активна со полесни вежби и пешачење. Немам режим на исхрана и не држам диети, туку внимавам што внесувам и колку внесувам. На пример, не си забранувам добра пица, но внимавам да не биде пицата на мени пречесто, туку барем еднаш месечно. Сакам да готвам, можам да кажам дека сум професионалец за традиционалните јадења, но тотален аматер за сѐостанато. Човек се учи додека е жив, па затоа и не си создавам притисок во тој поглед.
Периодов некако сите се поврзавме со природата, па колку е таа присутна во вашиот живот –одите ли често во природа, консумирате ли природни суплементи или можеби користите природни производи за нега?
Сакам да сум во природа и сакам секој слободен момент да го поминам, ако не можам повеќе, барем во најблискиот парк. Сето тоашто му е потребно на мојот организам се обидувам да го внесам преку исхраната. Неодамна ми дадоа многу убав совет–оди на пазар и купи сѐшто е сезонско и консумирај го во текот на неделата. Во редовната исхрана секогаш е застапен медот како природен засладувач кога е потребен, а во однос на надворешната нега на телото забележав дека периодов прибегнав кон употреба на органска и природна козметика.