Божиќен колач со суво овошје

Божиќен колач со суво овошје

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 250 гр путер чуван на собна температура
  • ½ кафена лажица сол
  • 30 мл рум
  • ½ кафена лажица сода бикарбона
  • ½ кафена лажица топла вода
  • сок од ½ портокал
  • 200 гр сечкани ореви
  • 50 гр сечкани лешници
  • 200 гр брусница
  • 50 гр суво грозје
  • 180 гр брашно
  • 200 гр мед

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките. Матете го медот со путерот додека да добиете пенеста смеса, па додадете ги жолчките, солта и румот. Растворете ја содата во топлата вода, сипете го сокот од портокал (очекувајте реакција) па сипете го растворот во смесата што ја матевте. Постепено додавајте го брашното и матете. Во друг сад цврсто изматете ги белките, па додадете ги во матените жолчки заедно со сувото овошје и јатките. Соединете ја смесата со шпатула, па сипете ја во калап за куглоф претходно намастен со путер. Печете го колачот во загреана рерна на 150 степени околу 10 минути, а потоа уште 2 часа на 125 степени. Боцнете чепкалка во тестото за да бидете сигурни дека колачот е печен. Декорирајте по желба.

За повеќе рецепти кликнете тука.