Брокола со сирење и јајце

Брокола со сирење и јајце
  • 1 кг брокола

  • 200 г бело сирење

  • 4 лажици павлака

  • 2 јајца

  • 3 лажици маслиново масло

  • 2 лажици лимонов сок

  • 2 чешниња бел лук

  • сол, бибер

Броколата одвојте ја на цветчиња и обарете ја во вода (не повеќе од 4 минути) во која претходно сте додале малку сол, масло и лажица лимонов сок. Процедете и оставете да се излади. Во меѓувреме, сирењето измешајте го со павлаката и со истолчениот лук. Прелијте со лажица лимонов сок, посолете и забиберете. Со вака подготвениот сос, прелијте ја броколата, промешајте и од горе додадете ги варените јајца исечкани на осминки.