Брзи мафни од блендер

Брзи мафни од блендер

Потребни состојки:
·      2 помали банани
·      прстофат прашок за печиво
·      ½ кафена лажица екстракт од ванила
·      2 јајца
·      100 гр овесни снегулки
·      200 мл обичен или грчки јогурт
·      3 кафени лажици мед
·      малини или друго овошје по желба

Подготовка: 
Сѐ што треба да направите е да ги ставите состојките во блендер. Откако ќе добиете изедначена и фина текстура, ставете малини или кое било друго зрнесто овошје. Нежно промешајте за да не го згмечите овошјето. Смесата сипете ја во калап за мафини. Печете на 200 степени околу 15 минути.