Царска пита

Царска пита

Состојки:
·       3 јајца
·       1 кесичка прашок за печиво
·       150 г сирење
·       200 мл јогурт (една чаша)
·       200 мл масло (една чаша)
·       16 лажици брашно
·       100 г пиперки
·       100 г краставици
·       100 г маслинки
·       100 г шунка
·       малку сол

Подготовка: 
Исечкајте ги маслинките, шунката, краставиците и пиперките на ситни коцки, а сирењето изрендајте го. Изматете ги јајцата со миксер и во изматената смеса ставете јогурт, масло, сол, прашок за печиво, а потоа и сечканите маслинки, шунка, краставици и сирење, мешајте со лажица и постепено додавајте го брашното. Ако ви е полесно, матете со миксер. Смесата истурете ја на претходно подмачкано тавче со зејтин и поросено со брашно. Печете на 200 степени околу 20 минути, додека питата не порумени.