Цезар салата со ракчиња

Цезар салата со ракчиња

Потребни состојки:
·      500 г ракчиња
·      1 помала марула
·      4-5 кришки интегрален леб
·      мешан сув зеленчук
·      2 супени лажици маслиново масло
·      ½ авокадо
·      пармезан

Состојки за дресинг:
·      1 поголемо јајце
·      2 кафени лажици сенф
·      3 филети риба сардела
·      2 чешни лук
·      200 мл маслиново масло
·      ½ цеден лимон
·      сол и бибер

Состојки за маринада: 
·      2 столчени чешни лук
·      рендана кора од 1 лимон
·      сол и бибер

Подготовка:
Изблендирајте ги состојките за дресингот. Исечкајте ги кришките леб на коцки, пропрскајте ги со 2 супени лажици маслиново масло и зачинете ги со мешан сув зеленчук. Пропржете ги на рингла околу 5 минути. Во длабок сад, ставете ги ракчињата заедно со состојките за маринада и оставете ги да отстојат 5 минути. Пржете ги на маслиново масло по 2 минути од двете страни. Исечкајте ја марулата и ставете ја во длабок сад, сосем малку посолете. Сипете половина од дресингот и промешајте. Озгора наредете ги кубетите, ракчињата и авокадото тенко исечкано. Повторно прелијте со дресинг и наредете листови пармезан.