Чорба од грашок

Чорба од грашок

Потребни состојки:
50 г путер
3 страка праз, исчистен и исечкан
1 помала главица кромид
2 супени лажици брашно
1 л сварена коцка супа
500 г конзервиран или замрзнат грашок
сол и бибер
2-3 ливчиња свежо нане

Подготовка:
Ставете го путерот да се стопи и додајте го кромидот и празот да се пропржат. Сипете го брашното, ставете неколку лажици од супата и мешајте убаво за да нема грутки. Додајте ја останатата коцка супа, грашокот и ментата. Покријте го тенџерето со капак и оставете супата да се вари околу 15 минути или додека да омекне грашокот. Отстранете ја ментата. Содржината од тенџерето блендирајте ја и истурете ја во чист сад. Додајте сол и бибер по вкус. Додајте малку млеко ако текстурата е премногу густа.